Aлександар Вукашиновски и Исмаил Металари ќе бидат судии на мечот меѓу Охрид и Преспа во втората рунда од плеј аут лигата, кој ќе се одигра во петок во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток од 19 часот.
Тандемот Вукашиноски и Металари за прв пат сезонава доаѓаат во Охрид да ја делат правдата на еден натпревар во Супер лигата.
Бодовите од овој меч се од исклучително значење за двата состави во трката за опстанок во елитната ракометна лига.
Мх.П.