Ракометарите на Охрид доминираа во текот на целиот натпревар и извојуваа висока победа против Преспа во рамки на плејаутот во Супер лигата. По 60 минути игра на семафорот во спортската сала ‘Билјанини Извори ‘ стоеше 29:10.
Најефикасни кај победникот беа Белески и Левов со по 6 погодоци.
Охриѓани кои имаат обезбедено опстанок во ракометната елита во следното коло гостуваат во Скопје кај Металург.
Г.М.