Фудбалерите на ГФК Охрид забележаа многу важна победа во борбата за опстанок во Втората лига – Запад.
Попладнево на СРЦ Билјанини Извори, Охрид го совлада Кораб со 2:1 и го прескокна на табелата. Стрелци на головите за Охрид беа Реџепи ’21 и Митев’ 40,додека Муча во ’44 го постигна единствениот гол за гостите.
Екипата од Дебар со 20 бода сега е 8ма, а Охрид со 22 бода е на 7то место.
Восла Спорт исто така, со 21 славеше над Кадино на гости и ја продолжинтрката со Силекс за пласман во Првата лига. Силекс е прв со 56, а Воска Спорт е втора со 51.Во прилог на Воска оди поразот на Вардар во Гостивар 2:1.
Во следното коло Охрид и гостува на Беса, а Воска Спорт дома ќе го пречека Гостивар.
Г..М.