Се навршуваат 80 години од почетокот на Народното востание на македонскиот народ. Место вообичаена честитка, нашата неизмерна почит и благодарност за сите оние кои, во цветот на својата младост, се жртвуваа на олтарот на Слободата, ќе ја изразиме преку стиховите на една од песните – химна на партизанските единици во текот на четиригодишната Народноослободителна и антифашистичка борба, велат од независната листа за советници која настапува под мотото Охрид пред се’:

Паѓај сило и неправдо,
Ќе ти суди народот!
Бегајте од нас темнини,
Зазори и денот наш.

Право ни е одземено,
Ваму назад дајте го!
Ако не, нема да молиме,
Ќе го земе народот сам!

Градови ви подигнавме,
Ѕидој, кули градевме.
Од секогаш робје биле
И за вас работеле.

Неволја ќе е голема
По палати, крепости,
Видете ли од селата
Кај со вили идеме!

Знаме ново ќе се вее
Високо над главите.
Работник, селанин в едно,
Исти труд и работа.

Вечна слава и благодарност на борците!
Правдата и праведноста беше нивниот завет, а наша обврска. Но, дали..?
Нека ни е честит 11 Октомври! – порачуваат од Охрид пред се’.

OhridNews