Кандидатите за советници од независната советничка листа „Охрид пред се“ денеска на градскиот плоштад ги запознаа граѓаните  со основните програмски цели и заложби за кои ќе се залагаат доколку се дел од идниот Совет на општина Охрид и ги слушнаа и  сугестиите, предлози и проблеми од граѓаните.

Денеска непосредно ги запознаваме граѓаните со нашите цели и девизата позади нашето политичко активирање. Има голем интерес кај граѓаните кои подигнуваат промотивен материјал “ , истакна носителот на советничката листа Димитар Велјаноски. 

Целите на нашите политичко делување се да го вратиме изгубеното достоинство и дигнитет на Советот на Општина Охрид, додаде велјаноски

Да го вратиме Советот каде што припаѓа по словото на Законот, а тоа е на граѓаните, Советот да биде вистински претставнички орган на граѓаните, а не партиска филијала, Советот да биде орган во кој општиот интерес секогаш ќе биде пред партискиот  личен интерес, да биде орган кој ќе овозможи суштинско, а не само формално како досега, учество на граѓаните во носењето на одлуките што е од витално значење за Општина Охрид. Ниту една стратешка одлука нема да биде донесена без суштинска јавна дебата на граѓаните и стручната јавност, истакна Велјаноски.

Тој додаде дека во наредните денови на градскиот плоштад и на останати локации во градот ќе ги запознаваат граѓаните конкретно со нивните програмски определби и цели на политичко делување.

К.А.