Независната советничка листа „Охрид пред се“ освои едно советничко место во новиот состав на Советот на Општина Охрид. По вчерашниот изборен ден од советничката листа денес со соопштение во кое велат дека вообичаено, по балкански терк, победи прогласуваат сите. Но, на овие избори има само еден победник: – Тоа сте Вие почитувани граѓани.
Вие, со Вашиот глас за независните листи, како во Охрид, така и во цела Македонија, им ја испративте најсилната и најзначајната порака на партиските моќници дека Охрид и Македонија не се ничија лична сопственост. Вие ја вративте надежта дека Македонија, конечно, се ослободува од партикратијата и тргнува по вистинскиот пат на демократијата. Ние од „Охрид пред се“ сме горди што меѓу првите, не само во Охрид, туку во цела Македонија, бевме предвесник на македонската „демократска пролет“, велат од „Охрид пред се“.
OhridNews