Почна кампањата за Локалните избори во Охрид, на кои, како никогаш до сега, учествуваат дури 11 листи за советници. Цврсто веруваме дека тоа е одраз на состојбите во заедницата, која, очигледно има потреба од промени, чиј предвесник е и нашата независната листа, велат од „Охрид пред се“.

Изборното шаренило е и демократска придобивка, а ние веруваме дека граѓаните на Охрид знаат и умеат да ја препознаат разликата во кавлитет кој се нуди на изборната сцена и ќе го направат вистинскиот избор.„Охрид пред се“ ќе води креативна и позитивна кампања, низ која на уникатен начин ќе ги претстави визијата, програмата и целите за кои ќе се залагаат идните членови на градскиот совет. Очекуваме од изборните ривали достоинствена, фер и демократска изборна кампања, без навреди, дисквалификации и валкани игри.

Како охриѓани, мораме и имаме обврска во изборната кампања да покажеме култура на однесување достојна на реномето на градот, кој мора да е пример за демократија во нашата земја, додаваат од „Охрид пред се“.