Во недела, на 17-ти октомвири Вие сте локалната власт. Тој ден, како што вели старата, добра и мудра народна поговорка: „Во Вас е и ножот и погачата“. Не двапати, не трипати, ако треба и стопати мерете, еднаш сечете. Тој ден, како што рекол славниот Абрахам Линколн, „Вашето гласачко ливче е посилно од куршум“, велат од „Охрид пред се“ во завршното обраќање пред претстојните локални избори.
Ајде, со Вашиот глас, да го вратиме изгубеното достоинство и дигнитет на Советот на општина Охрид! Ајде да го вратиме Советот онаму каде што припаѓа по словото на законот – Вам на граѓаните! Ајде Советот да го направиме вистински преставнички орган на граѓаните, а не партиска филијала или пашалак на поединци! Ајде Советот да биде орган во кој општиот, заедничкиот интерес ќе биде секогаш над партискиот и личниот!, велат од „Охрид пред се“.
Доста беше за судбината на Охрид и охриѓани да одлучуваат партиските центри на моќ во Скопје! Масовно, мирно, достоинствено, културно, во духот на Охрид, во недела, на 17-ти октомври, излезете и гласајте за оние на кои Охрид им е пред се!, додаваат од „Охрид пред се“.
OhridNews