Годинава 8-мо мартовското празнување минува без вообичаената помпа присутна во минатото. На плоштадот кај чинарот некогаш во очи овој празник не можеше да се помине од тезги и гужви. Денеска таму има едвај 3-4 тезги.


едвај 3-4 тезги со цвеќе кај Чинарот

Вообичаено цвеќарите понудија голем избор на цвеќе и други подароци, но впечаток е дека годинава изостанаа специјалните 8-мо мартовски понуди во дуќаните во чаршијата. Поголема раздвиженост се очекува денеска и утре кога се празнува денот на жената.


нема гужви во дуќаните

8 Март годинава  се одбележува со бројни културни манифестации.  Синоќа основците од музичкото училиште “Методи Патче” одржаа осмомартовски концерт. Во организација на женскиот центар Бисера вечерва во 18 часот во Центарот за култура по 13-ти  пат ќе се одржи осмомартовска изложба и поетско читање. На изложбата се очекува да се обрати градоначалникот Александар Петрески. На празникот на жената, активистките на “Бисера“ ќе го посетат гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид и традиционално на прво роденото бебе ќе му врачат пригоден подарок.

Во рамки на одбележувањето на 8-ми март актерката  Јоана Поповска вечерва во 19 ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе монодрамата „Љубов моја“.

ohridnews