Охрид денеска се разбуди под снежна покривка. Снегот најмногу ги израдува децата, но им создаде главоболки на возачите. Екипи на јавното комунално претпријатије утрово излегоа на терен и ги чистеа охридските улици, а граѓаните чистеа пред домовите и дуќаните. Сообраќајот во градот се одвива во зимски услови и по влажни коловози, поради што на возачите им се препорачува крајно внимателно возење.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, по влажни коловози поради врнежи од снег. На патниот правец Маврово – Дебар, како и на превојот Стража и патниот правец Гостивар – Кичево на сила е забрана за движење на тешки товарни возила.
Г.М.
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com