Тимот што победува не се менува вели фудбалската логика. Селекторот на македонскта репрезентација Среќко Катанец не сака ништо да менува па така  Охрид повторно е избран за база за подготовките за дуелот против „коцкестите“  кој  е многу значаен особено за нашата репрезентација. 

Катанец и неговите соработници уште сега почнаа да размислуваат за квалификацискиот натпревар со Хрватска кој на 24 март ќе се игра на “Максимир” во Загреб.

Цела недела пред овој натпревар Охрид ќе биде домаќин на македонските репрезентативци кои треба да пристигнат на 19 март. Не е исклучена можноста репрезентативците од аеродромот „Св Апостол Павле“ во Охрид да заминат директно во Загреб.

Македонскта репрезентација по 5 одиграни натпревари има 7 освоени бода, додека Хрватите се лидери во нашата група со 10 бода од 4 натпревари. По триумфот на пријателската средба со Албанија во Скадар се врати самодовербата во нашиот репрезентативен табор, кој беше малку разнишан по поразот со Русија во Скопје на нашата последна квалификациска средба за ЕП 2008, а направивме и скок на ранг листата на ФИФА за едно место и сега сме 53-ти,  што е втор наш најдобар пласман во историјата. Со добар резултат на “Максимир”, ако се изненади Хрватска сигруно ке  се вратат и шансите за висок пласман во нашата квалификациска група.

М. Постолоски