Охридските ракометари го претрпеа четвртиот пораз во плејофот од Супер лигата откако изгубија од Прилеп 26-24 (11-11).
И по четири одиграни натпревари ракометарите на Охрид немаат освоен бод во разигрувањето за титулата во националниот шампиони.
„Гладијаторите“ добро го отворија мечот и после петнаесеттина минути игра имаа водство од 9-2.
Домаќините со серија од 8-1 стигнаа до егал (10-10), а на полувремето резултатот на семафарот изнесуваше 11-11.
Во второто полувреме прилепските жолти го диктираа резултатското темпо. Охридските бели во неколку наврати го изедначуваа резултатот, но никако неможеа да го преземат водството.
Дури во финишот домаќините се одлепија на плус два и го задржаа до крајот на мечот за нови три бодови на табелата.
Со седум погодоци најпрецизен во охридскиот состав беше Дарко Павловиќ, а исто толку на спротивната страна реализираше и Бозароски.
Во последното коло од првата етапа во плејофот охридските бели ќе се сретнат со Работнички на домашен терен.
Мх.П.