Охридските бели претрпеа пораз во првата тест средба во подготвителниот период. “Рибарите“ беа поразени со 2-1 од романската Дачија Миовени. Охриѓани кои за прв пат спарингуваат во зимскиот период одиграа одличен натпревар , преку Атај дојдоа во предност која сепак не успеаа до крај да ја задржат.

Задоволен сум од првата проба. Резулатот во овај период е во втор план, а наша цел е во овај подготвителен период е да одиграме повеќе натпревари преку кои ќе ја изградиме нашата игра– рече Гоце Маркоски , тренерот на “белите“.

За романскиот тим ова е трета победа во исто толку натпревари. Охриѓани наредната конторола ќе ја имаат против Тетекс, додека в недела ќе играат против Ренова.

М.П.