Ракометарите на Металург го освоија целиот плен во „Билјанини Извори“ совладувајќи го тимот на Охрид со 30-24 (16-11) во осмата рунда од плејофот во Супер лигата.
„Металурзите“ бодовите во дербито ги осигураа со добра и ефикасна завршница во првиот дел и сигурна игра во цело второ полувреме.
Домашните ракометари дваесеттина минути беа рамноправни противници и со егал на семафорот (8-8) влегоа во финишот. Гостите со серија од 4-1 прво стигнаа до 12-9, а со уште една мини серија успеаја да поведат со пет голови на полувремето (16-11).
Второто полувреме не донесе некои поголеми промени на семафорот. Охрид во неколку наврати ја намалуваше негативата на четири голови, но пулените на Лино Червар успеаваа да ги издржат налетите на домаќините и да запишат нови бодови.
Во следната деветта рунда „гладијаторите“ гостуваат во Скопје, а силите ќе ги одмерат со лидерот на табелата Вардар.
РК Охрид: Стојановски (5 одбрани), Трајковски (6 одбрани), Босеовски, К. Андоновски 3, Младеновски 1, Блажески 2, Д. Андоновски, Новаковиќ, Спасовски, Јанев 4, Кобетиќ 6, Кежиќ 1, Адамовиќ 3, Димитријевски 2, Трифуновски 1, Белески 1.
РК Металург: Арсиќ (4 одбрани), Томовски (4 одбрани), Петров 4, Дрогришки, Младеновиќ 2, Костески 7, Вејин 3, Обрадовиќ 2, Кузманоски 1, Илиќ 7, Велковски 2, Пешевски 1, Марчец 1, Амин, Гуглета.
OhridNews