Охридскиот ракометен клуб претрпе пораз од Работник 27-21 (13-9) на премиерниот натпревар од меморијалниот турнир во Прилеп кој се одржува во чест на „Миле Нешкоски“.
Новајлијата во Супер лигата, Работник во текот на 60-те минути покажа поголем квалитет и го совлада Охрид кој во Прилеп ја бранеше титулата освоена минатата година.
Во составот на Охрид со 6 погодоци се истакна Марко Кобетиќ, а еден помалку реализираше Бобан Блажевски.
Во победничката екипа Златко Мојсоски и Филиќ постигнаа по пет голови, а по четири реализираа Ашраф Адли и Мите Караиванов.
Втор ривал на Охрид во групата на меморијалниот турнир во Прилеп ќе биде составот на Борец.
Фото: Архива
OhridNews