Дерби натпреварот помеѓу Охрид и Пелистер од 10 коло во Втората фудбалска лига кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ заврши со резултат 3:1 во корист на Пелистер.

Катастрофално и тенденциозно судење на судиската тројка на чело со Фуркан Идризи кој што пред три натпревари директно не оштети и беше суспендиран до денешниот натпревар, велат од ГФК Охрид.

Со овој напревар беше прекината супер серијата на Охрид.  По одиграните мечеви од ова коло Охрид на табелата е четврт со 19 бода, додека Беса прва, Пелистер втор и Детонит трет.

OhridNews