Фудбалскиот клуб Дукаѓини од Косово му го нанесе првиот пораз на Охрид во подготвителниот период откако славеше со 2-0 во мечот кој се одигра вчера на СРЦ „Билјанини Извори“.

Одлуката за победникот падна во второто полувреме кога двајцата тренери изротираа во составот. Првите 45 минути поминаа во изедначена но за нијанса подобра игра на охриѓани.

„Рибарите“ на 3 август играат против Дрита, а се уште се во потрага за противник на 10 август. Генерлката пред почетокот на Втората лига ќе ја имаат на 17 август во Битола против Пелистер.

OhridNews