Екипата на Охрид претпре минимален пораз од СЕ Универзитет со 7-6 на премиерниот натпревар пред домашна публика.

Гостите поведоа и го конторлираа текот на мечот. На полувремето тетовци заминаа со предност од 1-3. Долго во второто полуврме на семафорот стоеше овај резултат.

Намалија охриѓани на 2-3, но наместо израмнување следуваше серија голови во охридската мрежа по што гостите се одлепија на 7-3. Три пати во финишот охриѓани ја затресоа противничката мрежа но не успеаа да се изборат за реми.

М.П.