Со одигрување на двата денешни натпревари комплетирано е 9. коло во македонската кошаркарска Прва лига.
Најпрво Пелистер во Битола го совлада Вардар со убедливи 116:74, а предмалку Охрид на домашен терен загуби од Феникс со 70:92.
На вчерашните четири натпревари постигнати се следниве резултати:
Гостивар – Академија ФМП 90:92
Кожув – Работнички 84:90
Еуро Никел – ТФТ 66:65
МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 91:58.
Лидер во поредокот е МЗТ Скопје со 17 бодови пред Еуро Никел, Работнички, Пелистер и Чаир кои имаат по 15. Следуваат ТФТ и Феникс со по 14, Гостивар има 13, Вардар 12, Кожув и ФМП Академија имаат по 11, Охрид е последен со 10 бода.
OhridNews
Фото: Архива