Околу 22:10ч. поголем дел од Охрид остана без електрична енергија. Без струја покрај домовите останаа и охридските улица па за кратко во градот владееше вистински мрак.

Поради прекинот на електричната енергија охриѓани извесно време останаа и без телевизија бидејќи не функционираа кабелските оператори.

Не е познато што го предизвика прекинот во напојување на Охрид со електрична енергија, но не е прв пат ЕВН оваа зима да има вакви проблеми. Поради испади во електро мрежата без струја извесно време остануваа цели населби во Скопје, Битола и други градови.

Годинава чести се и дефектите на блоковите во РЕК Битола кој е главен снабдувач на струја за земјата.

ohridnews