Голем број гости пристигнаа во Охрид за прославата на новогодишната вечер. Убавото и сончево време се користи за прошетка покрај езерото, посета на културно историските споменици, за кафе муабет на самиот кеј на езерото.

Хотелските и приватните капацитети се исполнети, а туристичките работници задоволни од посетата. Рестораните и баровите веќе се резервирани за дочекот на 2019, но и за првата и втората јануарска вечер.

Најголемиот број гости се од земјава, како и од соседните земји.

Годинава поради прераната смрт на градоначалникот нема организиран дочек на градскиот плоштад, а откажани се и бројните настани во рамки на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“.

OhridNews