Со одбележувањето на Денот на езерото упатуваме порака дека заеднички ќе ги интензивираме активностите за негова заштита како светско природно богатство, рече на денешната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Охридското Езеро, градоначалникот Константин Георгиески.

На свеченоста што се одржува по 19-ти пат како заедничка прослава на трите општини на брегот на езерото, Охрид, Поградец и Струга, присуствуваше и градоначалникот на општина Поградец, Едуард Капри, како и претставници од општина Струга.

  • Сериозно терба да ги прифатиме и реализираме забелешките на меѓународните институции и организации особено УНЕСКО и почнеме примена на сите нови практики кои ќе овозможат заштита и одржлив развој на езерото и регионот. Општините Охрид и Струга со помош на владата направија голем исчекор околу функциноирањето на колекторскиот систем. Поради високите трошоци за одржување и итната потреба за реконструкција на клекторскиот систем наместо општините, државата со фомрирање на државното јавно претпријатие Колекторски систем, ќе ја прифати таа обврска. Во напредна фаза се и активностите за враќање на реката Сатеска во старото корито, а за краток рок ќе се направи регистарот на дивоградби на крајбрежјето. Надлежните државни органи имаат добиено задача да изнајдат решение за поместување на трасата на автопатското и железничкото поврзување на потегот од Требеништа до албанската граница, рече градоначалникот Георгиески. Додаде дека радува фактот што во напредна фаза е процесот за заштита на албанскиот дел од езерото од страна на УНЕСКО.

Градоначалникот на општина Поградец изрази уверување дека ваквата постапка може да заврши уште во текот на летото, а во таа насока се преземаат низа мерки за постигнување на пропишаните стандарди.

  • Од нашата страна изграден е колекторски систем на брегот, со висока технологија и кој овозможува механичка, биолошка и хемиска заштита. Инфраструктурата на крајбрежјето е изградена според високи стандарди, а на брегот повеќе нема дивоградби, само привремени објекти за летниот период за период од еден месец, рече градоначалникот на Поградец, Капри.

Во рамки на културно уметничката програма настап имаа најмладите од охридската градинка, ученици од ОУ „Братство Единство“ со мултиетнички сплет, охридската група Везилка, КУД Ѓердан, а се одржа и изложба на подводни фотографии од Нуркачкиот центар Акватек. Присутните имаат можност да видат нуркачка опрема, опрема за спасување на вода и планини од општинскиот Црвен крст.

Целта заедничката прослава на Денот на Охридското езеро е обединување на граѓаните и општините од двете земји, за да расправаат за теми од заеднички интерес, меѓу кои најважната е заштитата на езерото што го делат.

OhridNews