Екипата на Охрид славеше со високи 5-1 над Вапила во контролната средба кои двата тима ја одиграа на Атина Бојаџи.
Три пати за Охрид стрелаше Љупчо Далчев додека два пати противничка мрежата ја погоди Јован Китрозоски.
„Рибарите“ до почетокот на шампионатот ќе одиграат уште некоја пријателска средба за што подобра физичка и тактичка подговеност.
Општинската фудбалска лига почнува на 12 септември со супер дербито меѓу Охрид и Воска на „главниот“ стадион Атина Бојаџи.
Мх.П.