Фудбалерите на Охрид славеа над прволигашот Трим и Лум во пријателски контролен натпревар, што попладнево се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Второлигашот од Охрид победи со 2:0 со головите на  Митев во 18 и на Мерко во 82 минута.

Амбициите на ГФК Охрид кој неодамна го презеде нова управа предводена од Данчо Целески, се опстанок во Втората лига и стабилизирање на клубот.

OhridNews