Екипата на Охрид ја забележа втората победа во контролните мечеви совладувајќи го струшки Караорман на Атина Бојаџи со 4-2.
Охридските бели со два голови обезбеди водство после 45 минути игра. Гостите прво намалија на 2-1, потоа на 3-2, но домаќините не дозволија егал и со гол во финишот го осигураа триумфот.
Фудбалерите на Охрид во подготвителните мечеви славеа против младинската екипата на Фљамуртари 3-0, а претрпеа пораз (5-1) од Македонија Ѓорче Петров.
Третата лига југо-западен регион Охрид ќе ја продолжи од третата позиција со бод помалку од лидерот Лабуништа, додека Караорман од 12-та со 13 бодови.
Фото: Архива
OhridNews