Екипата на Охрид го продолжи стопроцетниот ефект во Општинска фудбалска лига победувајќи го Вулкан со 6-1 во шестата рунда од шампионатот.
Охриѓани со четирите погодоци во првиот дел го најавија шестиот триумф додека во вториот со уште два нови голови го заверија.
Два пати мрежата на Вулкан ја погоди Иво Танески, а по еднаш прецизни беа Даниел Огненоски, Ван Никодиновски, Мите Ампов и капитенот Љупчо Далчев.
Во следната седма рунда во Општинска лига фудбалерите на Охрид гостуваат кај тимот на Вапила.
Мх.П.