Од ЈП,,Македонија пат“ велат дека немаат проблеми со исправноста на нивната механизација и дека ги обезбедиле сите неопходни материјално-технички средства и помагала. Тие располагаат со доволни количини песок, сол и друг абразивен материјал. Одржувањето и чистењето на патиштата е обврска во градот на ЈП,,Охридски комуналец“, кое е целосно подготвено за успешно чистење на сообраќајниците со однапред изготвени оперативни планови и приоритети.
Во согласност со Законот за јавна чистота, нечистењето на снегот ќе се санкционира со парична казна од 2000-3000 евра за правното лице односно 500 до 1000 евра за одговорното лице во правното лице.
Граѓаните, сопствениците или корисниците на деловни објекти имаат обврска сами да го одржуваат просторот пред објектите, становите и индивидуалните станбени објекти и да го чистат снегот до средината на улицата односно патот. Во спротивно, за нив согласно Законот за Јавна чистота, ќе следи парична казна од 50 евра во денарска против вредност.