Градот Охрид е подготвен за Светското првенство во ракомет за јуниори што од 13 до 26 август ќе се се одржи во салата „Билјанини извори“. Таму вчера пристигна подлогата „Мондо“, што ја обезбеди ИХФ, и која според најавите на пртвиот оперативец во РФМ Марјан Начески, ќе биде поставена во текот на денешниот ден.


новата подлога чека на монтажа

За СП се подготвуваме 2 години. Спремни сме да ги прифатиме репрезентациите и да им обезбедиме најдобри услови за натпреварување. Овој спортски настан е мошне битен и за развој на туризмот, бидејќи подобра промоција на градот од органмизација на СП за јуниори неможевме ни да поскаме и затоа ќе направиме се’ што е потребно шампионатот да мине во најдобар ред, изјави градоначачникот на Охрид, Александар Петрески на прес конференцијата што по повод одувањето на СП се одржа во х. Климетица.


од денешниот прес

СП за јуниори ќе биде вистински тест за сениорското ЕП за жени догодина. Во соработка со РФМ  ги подобривме условите во сс „Билјанини извори“, а Охрид како ракометен град ќе застане силно зад репрезентацијата, најави Петрески.

Селекторот на репрезентацијата Веселин Вујовиќ е задволен од сработеното во подготвителниот период и од условите што ги обезбедила  РФМ.  Тој изрази благодарност до РК Вардар што се одзва на повикот и одигра неколку контролни натпревари со јуниорите што е од исклучителна важност за подигање на формата на репрезентативците.“ Очекувам  полни трибини и подршка од охриѓани. Не ветувам сјајни резултати и медали, но сигурно до последната секунда ќе се бориме силно“, рече Вујовиќ. Според него главен фаворит за златото е репрезентацијата на Германија, додека за кандидати за медал уште ги вбројува, Шведска, Данска, Хрватска и Русија.


ќе дадеме се од себе-Вујовиќ

Што се однесува до Македонија,  ќе дадеме се од себе да го освоиме првото место во група што би бил огромен успех. Во подготовките Бугарија која убедливо мина во квалификаците два пати убедливо ја добивме, а македонскиот шампион Вардар три пати. Тоа зборува дека имаме квалитет, но треба да сме реални и секој успех под 9-то место би бил извонреден за нас, рече Вујовиќ.

Атмосверата во репрезентацијата е одлична.  Имаме и мотивација и желба и очекуваме добар резултат поради макотрпната работа и извонредните подготовки со селекторот Вујовиќ, вели Дејан Пецакоски. Оптимисти се и неговите соиграчи кои најавуваат дека ќе го дадат максимумот на претстојното СП во Охрид.

Г. Момироски