На плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, денеска  во 21 часот ќе започне најголемото караоке шоу во Македонија.

Во шоуто што го организра „T-Mobile“, може да учествуваат сите кои имаат желба да пејат и сакаат да се забавуваат. За учесниците организаторите најавија бројни изненадувања.

Слично шоу неодамна се одржа во Лондон, на кое заедно со светската музичка ѕвезда Пинк пееја 13 илјади луѓе.

Ohridnews