Најголемата спортска манифестација во Македонија “Охридскиот пливачки Маратон“ ќе го има своето 23 – то издание. 29 натпреварувачи од девет земји ќе се натпреваруваат маратонот  на кој наградниот фонд ќе изнесува  25.000 долари.


подготвени за маратонот

Листата од 20 натпреварувачи во машка конкуренија ја предовди минатогодишниот победник бугаринот Петар Стојчев, кој победи на седум од последните осум трки. Топ пет пливачите од генералниот пласман ќе се натпреваруваат во Охрид.

Женската конкуренција ја предоводи третопласиранта во генералниот пласман Камила Фредиани, додека во водите на охридското езеро ќе ја нема минатогодишната победничка Стефани Билер.

Пријатно сме изненадени од одзвиот на натпреварувачите на овогодинешниот маратон – вели Кочо Паскали од ПК Охридски Бранови кој е технички организатор на трката.

Македонските пливачи ќе ги предводи Томи Стефаноски кој минатата година како четвртопласиран стигна на целата, а утрешниот маратон ќе биде последен во неговата пливачка кариера.

Стартот на трката е во 12 часот, а ќе го означи охридскиот градоначалник Александар Петревски. Традиционално ќе се плива на 30 км долгата патека „Климе Савин“од Свети Наум до пристаништето во Охрид. 

Покровител на маратонот е претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов, организатор е ПФМ додека технички организатор на маратонот е Пливачкиот клуб Охридски бранови.

ohridnews