Охрид од денеска е под посебен безбедноссен режим поради одржувањето на  состанокот на Министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, САД,  и  од повеќе други Европски земји- „СЕДМ“. На магистралниот пат кон аеродромот во Охрид, како и на бул. „Туристичка“ и излезот кон хотелските комплекси каде ќе бидат сместени делегациите, забележливо е зголемено присуство на полицијата. Учесниците на самитот на министри за одбрана во Охрид ќе започнат да пристигнуваат денеска. Меѓу првите попладнево на охридскиот аеродром ќе слета американскиот секретар за одбрана Ричард Гејтс. Вечерва ќе се одржат првите билатерални средби, а пленарната сесија започнува утре. За време на Министерскиот состанок, Свр-Охрид ќе презема и други мерки за физичко обезбедување на поширокиот реон и објектите каде што ќе престојуваат учесниците на средбата, а посебниот безбедносен режим на сила ќе биде до 9-ти октомври, соопшти полицијата.


наместо лежечки-вистински полицајци на „Туристичка“


покрај обчината на терен е и специјалната полиција


такси возилата ги нема кај пазарот


контејнерите се кренати на тротоарите


полиција има на секои 50 метри

Ohridnews