Преку 70 велосипедисти од Македонија ќе земат учество на Големото велосипедско финале кое во Охрид ќе се одржи викендов. Првиот натпревар во планински велосипедизам ќе се одржи во сабота со почеток во 12:00 часот и тоа пред Античкиот театар.
Во недела со почеток во 14:00
часот на ул.Маршал Тито пред хотел Палас ќе стартува последниот
натпревар во друмски велосипедизам “Трофеј Благо Мостро“. За таа цел
сообраќајот низ централното градско подрачје од 13:30 до 17:00 часот ќе
биде во прекин.
– Во склоп на настанот Големото Финале, го организираме и велосипедскиот конгрес – ВелоКамп 2012, на кој присуство ќе земаат сите лиценцирани велосипедисти, лиценцирани судии, тренери, менаџери и престедатели на клубови, управниот одбор и останатите органи на федерацијата, што значи сите инволвирани во велосипедизмот од Република МАкедонија ќе бидат присутни престојниов викенд – вели Александар Јованоски од “Велодром
Од клубот велат оти кај велосипедистите постои огромен интерес од за атрактивните патеки подготвени за крајот на сезоната.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com