Во Охрид викендов врие од полиција. Причина за тоа е присуството на претседателите на Македонија, Албанија и Косово, како и голем број други политичари и јавни личности кои ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот Охридско лето.


Заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба на одредени патни правци и сообраќајници и денеска привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила.


Како дел од безбедносните мерки контејнерите на бул. „Туристичка“ се дислоцирани на тротоарите, а отстранети се и сите цврсти предмети и возила од коловозите.


СВР Охрид упатува апел до граѓаните да се воздржат од употреба на своите возила во текот на денешниот ден, освен доколку тоа е неопходно.

Ohridnews