Второ утро Охрид е под магла. Видливоста во делови од градот значително е намалена. Од повисоките делови во околината се гледаат само Самуиловите тврдини.
Во 8 часот во Охрид температурата изнесуваше -1 степен. Во текот на денот не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 9 степени.
Во понеделник не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. По котлините магливо и претежно тивко. Температурата ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени.
Г.М.