Со шест победи во осум натпревари ракометниот клуб Охрид гази по вистинскиот пат во Супер лигата. Брилијатните игри и серијата победи го одведоа охридскиот состав на втората позиција веднаш зад Металург на табелата.
– Сезонава ракометната Супер лига е најквалитетна во последните десет години. Исклучувајќи ги екипите на Металург 2 и Борец од Велес кои се еден ранг подолу, останатите имаат квалитет секој да го победат. Во екипите има доста интернационални ракометари, се игра брз и квалитетен ракомет. Ние по осум одиграни натпревари се наоѓаме на одлична позиција на табелата и задоволно ќе кажама дека сум презадоволен од досегашниот скор. – рече тренерот на Охрид, Горан Андоновски.
Ракометарите со борба од последниот здив го покриваат недостатокот на Мите Караиванов кој се повреди на дуелот со Пелистер.
– Се соочуваме со еден, но голем проблем играјќи со мал ростер на играчи. Осетно ни се намали после повредата на Мите Караиванов кој сезонава одигра само три натпревари. И без него во составот добивме четири од петте мечеви, но играчите се исцрпени што преставува голем проблем. Неговото отсуство играчите го покрија со максимална борба пред се на физички план играјќи храбро и цврсто во одбрана. – додаде Андоновски.
Со одличните игри четирите интернационалци на охридскиот состав му дадоа нов изглед, а и Колев ја врати старата препознатлива форма. Но, сите почести сезонава ги заслужува Иван Тасески кој во целост го замени Караиванов во одбраната.
– Засилувањата во однос на резултатите се покажаа како правилни. Во летниот преоден рок од нашиот тим заминаа пет ракометари, а донесевме четири. Тие прво беа одлично прифатени од играчите, а со нивните игри веднаш се наметнаа и кај публиката. „Сезонава“ исто така големо засилување ние Кирил Колев кој брилира меѓу стативите и ни дава крила на мечевите кога е најпотребно. – потенцираше харизматичниот тренер и додаде : Тасески ни е најголем бенефит од минатата и оваа полусезона. Многу е важно што неговите игри во новата сезона се брилијатни и констатни. Совети впива од сите ракометари и неслучајно со Кежиќ ја предводат охридската одбрана. Со ова темпо на развивање еден ден се надевам дека ќе го видиме во македонскиот репрезентативен дрес што ќе биде голема добивка и награда за охридскиот ракомет и нашиот клуб.
После паузата во шампионатот охриѓани ќе одиграат три мечеви на домашен терен. Прво ќе се сретнат со Вардар Јуниор, потоа со Работнички кој на стартот од шампионатот беше поуспешен, а на крајот со втората екипа на Металург.
– Не очекуваат две дерби пресметки на домашен терен кои ако ги добиеме со сигурност ќе играме во плејофот. Но, наш голем проблем е заминувањето на четирите интернационалци дома по средување на потребните документи. Неделава ќе тренираме со скратен ростер, а се надевам дека тие ќе ни се приклучат другата недела. – заврши Андоновски.
Мх.П.