Петтата Охридска школа по природно право ќе се оджи во Научниот и уметнички центар на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ во куќата на „Уранија“ во Охрид, од 1 – 6 јули. На годинешната школа ќе се дискутира за „Предизвиците во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем во Република Северна Македонија“.

На отворањето на Охридската школа по природно право, во понеделник, ќе се обратат Челси Шинор, правен советник на Амбасада на САД Скопје, академик Таки Фити, претседател на МАНУ, Арбер Адеми, министер за образование и наука и академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Свои излагања на школата ќе имаат врвни експерти од областа на правото, економијата и науката од земјава и регионот, како и претседателот на Собранието Талат Џафери.

OhridNews