Охрид од 2 до 5 јуни годинава ќе биде домаќин на осмото издание на Меѓународниот ТВ фестивал на филмови од областа на екологијата и културното наследство.

Фестивалот е во организација на Македонската телевизија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура и градот Охрид.

Целта на Фестивалот е да ги афирмира досегашните искуства во заштитата на природното и културното богатство во Македонија и светот, да иницира активности за подобра заштита на животната среднина и културното, да ги афирмира природните и културните вредности на градот Охрид и поширокиот регион, за да придонесат за развојот на туризмот и да ја збогати телевизиската продукција на овие теми.

На фестивалоттрадиционално ќе бидат доделени и  награди за најдобро сценарио, режија, камера и монтажа и плакета „Македонска качунка” на Еколошкиот прес-центар.

Г.М.