Оваа година организатори на фестивалот се ансамблите “Македонка” од Охрид и “Кочо Рацин” од Скопје во соработка со локалната самоуправа на град Охрид. На фестивалот ќе учествуваат ансамбли од Украина, Словачка, Турција, Србија и од Македонија.
Дефилето на ансамблите низ охридската чаршија ќе се одржи во недела во 15 часот по што следи првиот настап на ансамблите на градскиот плоштад. Вториот настап на ансамблите е во понеделник во 11 часот исто така на градскиот плоштад.