Ракометниот клуб Охрид нема свои обврски и слободен е во третата рунда во Супер лигата, додека другите екипи ширум Македонија ќе бијат битки за бодови.
„Гладијаторите“ во третата рунда требаше да се сретнат со Младост од Богданци, но клубот пред почетокот на новата сезона се откажа и не се пријави за учество.
Охриѓани имаа победа и реми во првите две средби од Супер лигата и се наоѓаат на второто место на табелата.
Најинтересен натпревар во третата етапа ќе биде дуелот помеѓу Радовиш и Еурофарм Работник, а во преостанатите мечеви ќе се сретнат Борец – Прилеп, Пролет – Пелистер и Металург 2 – Вардар Јуниор.
Tабела: Радовиш 6, Охрид 4, Пелистер 3, Прилеп 3, Металург 2 3, Еурофарм Работник 1, Пролет 1, Борец 1, Вардар Јуниор 0.
OhridNews