Денеска на програмата во ракометната Супер лигата се натпреварите од втората рунда. Екипата на Охрид која успешно го отвори шампионатот ќе паузира, а сефте ќе има составот на Струга.
Стружани на домашен терен со почеток во 18:30 часот ќе го пречекаат тимот на Јуниор Кисела Вода. „Црвено белите“ беа едни од последните екипи кои почнаа со подготовки, но создадоа добар состав со амбиции за опстанок во суперлигашкото друштво.
„Гладијаторите“ после победата над Голден Арт КЛ7 ќе одмораат и ќе имаат неколку дополнителни денови да се подготват за дуелот со Радовиш в петок во СРЦ „Билјанини Извори“.
Двојки:
Група А
Струга – Јуниор КВ (18:30ч)
Радовиш – Голден Арт КЛ7 (19ч)
Пролет – Астраион (19:30ч)
Група Б
Еурофарм Пелистер 2 – Работнички (18ч)
Прилеп – Металург (18:30ч)
Бутел Скопје – Младост Богданци (20ч)
OhridNews