Викендов Охрид личи на голема отворена сцена каде настапуваат познати музички и културни уметници од разни правци. Концерти, диџеи, претстави, стендап комичари… Нема што нема и се во еден продолжен викенд, како и во изминатите години, што го прави Охрид најпосакуваната дестинација во регионот, но и го исправа пред сериозни предизвици од секаков аспект.
На Античкиот театар во Охрид вечерва од 20:30 заеднички концерт ќе одржат Влатко Лозаноски – Лозано и „Некст Тајм“.
Ќе биде тоа возбудливо музичко доживување во очи Илинден, кое долго ќе се памети, најавуваат организаторите.
Во „The Vaault“, во сабота настапува познатиот македонски музички состав „КУКУ ЛЕЛЕ“.
Забавата почнува во 21 часот, а бројот на места е ограничен.
Охридската касарна од синоќа пулисра во ритамот на техно музиката. Познати светски диџеи и годинава ќе настапат на фестивалот „Ohrid calling“ во Касарната во Охрид, во организација на Авалон продукција.
На првиот ден настапи Lost Frequnecies, кој направи извонредна атмосфера. Во сабота настапува Vini Vici, а ѕвезда на фестивалот е Timmy Trumpet, кој е меѓу топ 10 на листата за диџеи за 2022 година.
Продолжува програмата од четвртиот маратон на комедијата кој ќе трае до 14-ти август.
Во сабота вечер шоуто на Никола Силиќ на српски јазик. Ретка можност да го гледате во живо еден од најдобрите стендап комичари на просторите на бивша Југославија. Никола Силиќ е стендап-комичар и голем обожавател на Лорем Ипсум, кој често се користи во печатот наместо вистински текст за да се види како страницата изгледа исполнета.
Во недела публиката ќе може да ужива во шоуто на Ненад Шиља Стефановски, на српски јазик. Стефановски по потекло горд Македонец, така и се потпишува. Сепак, во далечната 1999 фаќа пат накај Германија, но како среќа во несреќа (или обратно), застанува во Белград за да ја види куќата на Цеца и еве веќе 20 години како е заглавен таму, стои во комичната најава на настанот.
Сите шоуа започнуваат во 20:00 часот, а локација на која ќе се одржат е познатиот клуб Џез Ин.
Љубителите на уметноста до 20 август може да уживаат во богатата програма на фестивалот Охридско лето кој вечерва продолжува со музичко сценски перформанс „Немаме резервна планета“ со 5+ Бенд и јунаците од 5+ Фамилија. Настанот ќе се се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 19 часот.
Во катедралната црква Св. Софија, пак, од 21 часот во рамки на Француската вечер на „Охридско лето“ ќе настапи квартетот „Агат“
За настаните и случувањата од областа на забавата и културата редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога,Каде“ на нашиот портал.
OhridNews