По освоеното прво место во југозападниот регион , фудбалерите на ФК Охрид се подготвуваат за бараж натпреварот против скопска Алумина.Охригани важат за фаворити но претпазливо и со респект влегуваат во овај натпреавар .

– Ја респетираме екипата на Алумина која како и секоја скопска екипа е составена од играчи кои доаѓаат од погоните на Работнички ,Вардар и Македонија ЃП ,и нималку нема да биде лесно – вели играч – тренерот Маркоски Гоце

Во својата богата фудбалска карирера Маркоски играше во Победа,Македонија ЃП, а се одлучи крај на играчката карирера да стави томку во родниот Охрид ,неговото искуство ке биде од големо значења за охридските жбелиж на овај натпревар 

– Подготвен сум за настапи се надевам дека мојот последен настап ке го крунисам со пласман во Втората лига. Јас и екипата ке го дадеме максимумот за конечно Охрид го прескокне овај ранг на натпреварување и се врати онаму каде му е местото,сигурно Охрид заслужува да има и првоглигаш,но да одиме чекор по чекор –  порачува од Охирд Маркоски .

Охриѓани ја поздравуваат одлуката за презакажувањето на местото на играње ,па така наместо во Куманово , натпреварот ке се игра во Кичево ,Недела со почеток во 16,30

– Задоволни сме од одлуката ,бидејки во таков случај ние ке требаше да патуваме 4,5 сати до Куманово ,вака и љубителите на фудбалот во Охрид ке може да дојдат и да не бодрат на овај натпревар на кој ке ни биде неопходна и нивната подршка – завршува Маркоски .

Бараж натпреварот се игра денеска  во Кичево со почеток во 16,30 ке го суди Стружанецот Илир Сеља,за сите заинтересирани љубители на фудбалот ке биде организаран превоз со автобуси.Време на поаѓање 14,30 пред спортскта сала Билјанин Извори .

Инаку бараж натпреварите во македонските фудбалски лиги се претворија во циркуз откако федерацијата двојно функционира. Ќеи има ли фудбал денеска во Кичево е неизвесно.

М.П.