Во последното 18-то коло од ракометната Супер лига ќе се одлучува кои екипи покрај Вардар, Металург и Зомимак ќе разигруваат во плејофот.
Претпоследната рунда не промовираше ниту една екипа, а дефинитивно го отпиша Охрид од трката за едно од местата кои водат во разигрувањето.
„Гладијаторите“ славеа пред своите гледачи против Металург (2) со 30-20, но и останатите екипи кои се борат за плеј оф победија и го исфрлија охридскиот состав од неизвесната трка.
Во дербито на колото Тинекс Пролет со тесни 23-22 го совлада Прилеп, додека Пелистер пред своите гледачи го победи Работнички 33-27.
На првата победа се израдува последнопласираниот Текстилец, кој славеше со минимални 29-28 над Преспа.
Лидерот во Супер лигата, Зомимак го продолжи победничкиот марш победувајќи го Радовиш на гостински терен 29-23.
Резултати : Охрид – Металург (2) 30-20, Пелистер – Работнички 33-27, Тинекс Пролет – Прилеп 23-22, Радовиш – Зомимак 23-29, Текстилец – Преспа 29-28.
Табела : Зомимак 51, Прилеп 31, Радовиш 30, Тинекс Пролет 30, Пелистер 30, Металург (2), Охрид 26, Работнички 14, Преспа 6, Текстилец 4.
Следно коло : Металург (2) – Радовиш, Преспа – Тинекс Пролет, Зомимак – Текстилец, Прилеп – Пелистер, Работнички – Охрид.
Мх.П.