Со головите на Роберт Митев, ГФК Охрид попладнево на Стадионот Билјанини Извори го совлада Тетекс со 2-0 во последното коло од втората лига запад. Со оваа победа Охрид обезбеди опстанок и наредната сезона ќе се натпреварува во единствената втора лига.
Воска Спорт одигра нерешено 1-1 на гости кај Силекс, со што избори пласман во баражот за пополнување на местата на прва лига.
Вардар, пак, иако славеше 1-2 со Кораб на гости и наредната сезона останува во второлигашкото друштво.
Лигата ја напуштаат Кораб, Велешта и Кадино.
Г.М.