Оваа година на меѓународниот натпревар „Охрид опен 2024“ во ИТФ Теквондо, што се одржа неодамна во спортската сала „Билјанини извори“, учество зедоа 28 клубови од Бугарија, Србија, Албанија, Молдавија, Романија, Грција, Република Српска, Хрватска и Македонија како домаќин.

 

Иако забележаа скромни резултати во Теквондо клубот “Мастер” од Охрид се задоволни од постигнатиот успех, дотолку повеќе што настапија со помал број натпреварувачи. Јуниорите Зорана Попоска и Вук Бурмаја се закитија со медали, а  за нив ова беше и прв настап на стартот на кариерата. Покрај нив од клубот учествуваа и Деа Трајческа, Марио Трајчески и Христина Стојкоска.

 

Упатувам благодарност со сите улчесници од сите клубови и држави кои придонесуваат за развој на оваа боречка вештина, до медицинскиот персонал кој беше професионален во својата работа, до волонтерите кои помагаа и водеа ред, како и до вработените во спортската сала “Билјанини извори”, истакна Саша Поповски, основоположник на Теквондото во Македонија и тренер на клубот “Мастер” од Охрид.

Дополнително, раководството на клубот упати благодарност до организаторот, Општина Охрид и спонзорот „Виа Фарм“ кои, како што се посочува во соопштението, несебично помагаат во развојот на Теквондо клубот “Мастер” од Охрид.

OhridNews