Над 210 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Албанија, Грција и Македонија беа дел од меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „ОХРИД ОПЕН 2022” кој се одржа во СРЦ „Билјанини Извори” во организација на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.
Можеме да се пофалиме дека беа дојдени најдобрите натпреварувачи од сите клубови, се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби, при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники на овај натпревар. Организацијата беше на највисоко ниво иако искуството не е многу на наша страна, направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ, поранешен светски вицешампион Прага’96.
Лазаревски упатува благодарност на нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој, како што вели, е најзаслужен што стигнале до овај степен да можат да организираат турнир од ваков калибар, а воедно и најзаслужен за одличната организација на истиот турнир.
Исто така огромна благодарност, Лазаревски упатува и до Општината Охрид што несебично им помогнала да го организираат овај турнир, а за да биде комплетно на највисоко ниво овој турнир со пренос во живо и убави фотографии им помогнал Стојан Стојановски. Благодарност до сите родители, роднини, пријатели, но и до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот, вели Лазаревски.
Прво место во категоријата надобри клубови му припадна на Тајгер тим од Перник, второ на Тервел 2006 од Севлиево, додека трето на Тонг Ил од Нови Сад
Нашиот клуб настапи со 44 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар, за некои прв медал, што ни прави посебно задоволство дека имаме веќе нови генерации кои се спремни и физички и психички за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина. Нашите натпреварувачи вкупно осовија 51 медали, од кои 8 златни, 15 сребрени и 28 бронзени, со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот, додава Лазаревски.
OhridNews