Покрај маратонот на вода кој во тие шеесетти години се одржуваше во Охрид и на кој доагаа многу познати светски пливачки имиња, постоеше и еден друг Маратон или како што ние го викавме Маратон на суво.

Сега такво нешто не постои ама во тоа време тоа беше многу популарен “ спорт “.Сите ние кои што одевме на тој маратон бевме познати по прекарот Маратонци.

Ваквите лица кои се занимаваа со оваа работа во приморските градови на поранешна Југославиа на пример: во Сплит се викаа Галеби , додека пак во други места беа познати под други имиња.

Сигурно ке се прашате за каков Маратон станува збор? Па уште на суво.

Во периодот кога завршуваше учебната година некаде кон крајот на месец Мај, или пак на почетокот на школската година во Охрид поминуваа или пак доаѓаа многу ученички екскурзииод скоро од цела Југославија. Во Охрид остануваа обично неколку денови. Биваа сместени во тогаш познатите одморалишта на П.Т.Т, Младински(сега познат како хотел Магнус), Орце Николов, Сутјеска,(сегашен кардиолошки), Застава, Тутунски и други одморалишта. Гласот за нивното доаѓање се ширеше многу брзо.

Ние околу педесеттина маратонци некогасш повеке некогаш помалку брзо се организиравме па кој со автобус, кој со точак заминувавме да видиме какви девојки и од каде пристигнале. Нај интересно беше навечер каде што после вечерата која им беше послужувана почнуваше да свири музика и започнуваше игранката. Музиката ја сочинуваа наши познати другари кои обично свиреа на тие игранки. Додека девојките вечераа ние обично седевме на соседните маси и ги кибициравме т.е. си одбиравме девојка и се договаравме меѓусебе кој која ке ја покани за играње.

Морам да кажам дека дома проведувавме повеке часови во вежбање и играње како таму не би се срамеле од тоа дека не знаеме да играме . Секој од нас го презентираше своето искуство, а богами и доста научивме и од самите девојки.

Нај редовни од моите другари бевме Јас, Горги. и Ристо Брицот- тоа му беше надимак, а многу поретко доаѓаа Живко, Љупчо и Спасе, Скоро секогаш редовни беа и Никола, Митко, Целе ….. ги имаше и од другите националности.Повеќе пати поради немање на пари моравме да се шверцуваме во автобус или пак ке платевме една карта,а ке се возевме тројца. Проблемот настануваше при враќањето затоа што последниот автобус кој поаѓаше од Синдикални за Охрид беше во 11 часот, а ние останувавме до раните утрински часови до 2 или 3 часот, а некогаш и повеќе. Од Синдикални до Охрид враќањето беше пешки, Моравме скоро секоја вечер да препешачиме по околу 5 км. Така еднаш кога во автобусот влезе контрола, за да не плати казна мојот другар Живко мораше да излезе низ едно мало пенџерче. и јас самиот се чудев како тоа го направи бидејки тој беше доста поголем од другите.

Повеќе пати за да не си одиме пешки ќе украдевме и нечии точак. Еднаш се сеќавам дека Брицот украде точак па на истиот се качивме напред Горги, а позади јас ,Брицот возеше. Од силниот терет задното колце се искриви ( се напрај осмица) па така моравме да го фрлиме и назад да се вратиме пешки. Многупати одев и со мојот точак кој на неколку пати и мене ми беше краден. Еднаш го најдов фрлен во еден ендек во населбата Воска. Во мојот мал црвен дневник на 4 јуни сум запишал буквално вака: Вечерта ми го украдоа точакот стар од Синдикални. Додека на 6 јуни пак сум запишал: го најдов точакот. Последниот пат незнам точно кога ми го украдоа ама само едно сигурно знам дека повеќе не го најдов и си останав без него.

Во тоа време многу се крадеа точаци затоа што кола ретко која фамилија имаше, сите возевме точаци (како кинезите). После него таткоми купи друг ама и тој не потраја многу останав и без него. Во тие касни шеесети години како маратонци имавме и повеќе флертови со разни девојки кои доаѓаа на тие екскурзии.

Нашите одења на маратон во Синдикални понекогаш и се исплаќаа па од девојките кои обично ги шетавме покрај езеро и им се додворувавме ке добиевме и по некој бакнеж, а некогаш пак се враќавме и со празни раце па тогаш си кажувавме едни на други како рибарите кога се фалат кој колкава риба фатил, така и ние повеќепати ги преувеличувавме работите раскажувајки кој како поминал таа вечер.

И сега се сеќавам на некои имиња на девојки со кои сум поминал неколку убави денови како: Мира од Сремски карловци(Војводина), Софија од Оџаци(Војводина), Миланка од Смедерево (сеуште ја чувам нејзината фотографија со посвета) и др. Во мојот мал црвен дневник на 20 Септември 1967.г сум запишал: Се упознав во Синдикални со Миланка и Нада од Смедерево. На 21 септ. Миланка ми подари слика.

Многупати при враќањето од Синдикални во раните утрински часови мојата ми мајка стоеше на пенџере.
чекајкиме.

А Охриѓанките ? е тоа е друга приказна после овие мали авантури или излети тие не гледаа малце поинаку ама сепак после ова им се вракавме ним, а тие знаеа да ни опростат.

Пс. Би сакал ова да го сватите како хронолигија на едно за мене не така одамна минато време на Охрид. А имињата ? имињата се вистински.

Љупчо Паункоски

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите