Женската ракометна репрезентација пристигна во Охрид каде ги започна подготовките за престојното Европско првенство во Србија. Избраничките на Гино Стрезоски во рамките од неделата на ИХФ ќе одиграат две квалитетни пријателски средби со вицепрвакот од Олимписките Игри, репрезентацијата на Црна Гора.

Селекторот на репрезентацијата Стрезоски може да смета на сите репрезентативки кои ги повика за пријателски мечеви со Црна Гора.

Контролните мечеви Македонија против “црногорките“ ќе ги одигра в четрток со почеток од 19 часот и в петок во 12 часот.

Мх.П.