Металург со златни букви се запиша во историјата на македонскиот ракомет откако обезбеди пласман во осумте најдобри во најсилното натпреварување на стариот континент. Атмосферата во преполната сала “Борис Трајковски“ вриеше, сите навивачи трепереа и стискаа палци за победа, која на најдобар можен начин им ја подарија ракометарите на Металург.


Половина час пред почетокот на мечот во салата имаше малку празни столчиња.


Знамето на Македонија во друштво со ЕХФ.


Ракометарите на Металург на загравање.


Судиската двојка од Норвешка.


На преставување прв истрча капитенот, Ванчо Димовски…


веднаш потоа и миленикот на публиката, Дарко Станиќ.


Стручниот штаб на чело со Лино Червар подготвен за предизвикот…


но, и целата екипа на Металург.


Белорусите немаа одговор за располжените Вугринец и Ракчевиќ.


Вака некако завршуваа нападите на Динамо пред голот на Металург.


Ако не Станиќ тука е.


После неговите одбрани публиката еруптираше во “Борис Трајковски“.


Неизбежниот декор на натпреварите од Металург, големото македонско знаме.


Червар ги советува ракометарите како до крајот на мечот.


Советите вродија со плод, Металург е во осумте најдобри во ЛШ.


Време е за славање.


Со верната публика, нормално.

Михаил Постоловски