Охрид и СРЦ Билјани Извори беа редовна база за подготвките на македонската фудбалска репрезентација за квалфикациските натпревари од циклусот за ЕП 2008.

Но овај пат Катанец не се одлучил за Охрид, па така македонската репрезентација од 1 септември за квалификациските дуели со Шкотска и со Холандија ќе се подготвува во Скопје.

Како што пренесува “Mакедонски Спорт“,  Катанец ваквата одлука ја образложил со фактот што мечевите ќе се играат во абнормални услови

Во Скопје ќе се подготвуваме со цел фудбалерите подобро да се аклиматизираат на временските услови под кои и ќе се играат натпреварите. Сепак, Охрид е на околу 700 метри надморска височина, со сосема поразлична клима од Скопје“, вели Катанец.

М.П.